Охриѓани во наредните денови, заклучно 30- ти јуни имаат можност да ја посетат поставката на 200 експонати од керамика изработени од 55 автори од Хрватска и уште неколку европски земји кои се изложени во Центарот за култура „Григор Прличев“ , во рамки на Триеналето на керамика на хрватски автори.


Изложбата, која пробуди интерес кај бројните посетители кои секојдневно го посетуваат центарот за да ги видат интересните предмети,  е резултат на контактите на организаторот, охридскиот уметник  Славко Упевче и Центарот Владица од Хрватска и  Ханибал Салваро, член на Меѓународната академија на керамика од Женева.


Поставката освен во Охрид, претходно имаа можност да ја посетат љубителите на уметност од неколку хрватски градови.

OhridNews