Од АМСМ информираат дека од денес на делницата-обиколница Скопје се воведува времена измена на режимот на сообраќај, согласно одобрение издадено од министерството за транспорт и врски.

Измената на режимот на сообраќај е поради изведување на градежни работи за реконструкција на овој патен правец. Ова се однесува на потегот од клучката Сингелиќ до клучка Смилковци.

Инаку, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози.

OhridNews