Рокот за доставување на урбанистичко – техничка документација за уредување на плажите на Охридското Езеро на подрачјето на општина Охрид измина.

Потребната документација што сопствениците и корисниците на хотелско-угостителските капацитети на локалитетите, требаше да ја достават до   Минисетрството за транспорт и врски, ќе ја разгледува Комисија од стручни лица.

Министерството за транспорт и врски соопшти дека оние плажи за кои навремено ќе биде доставена урбанистичко – техничка документација за уредување ќе ги објави за давање во краткотраен закуп по пат на јавно наддавање.

На првото јавно наддавање што се случи минатата недела Министерството за транспорт и врски на краткорочен закуп додели три плажи на охридското крајбрежје.