Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје, изминатите десет дена на подрачјето на Охрид регистрирала 800 земјотреси, во најголем дел со слаб интензитет.
Само четири од регистрираните земјотреси биле со јачина над 3 степени според Рихтеровата скала.
Најсилниот земјотрес бил регистриран на 20-ти јуни вo 15.10 часот со јачина од 3.6 степени според Рихтер.
Утрово и во текот на ноќта во охридскиот регион биле регистрирани десетина помали потреси. Последниот бил во 8.34 часот со магнитуда од 2.7 степени според Рихтер.
OhridNews
Црвен крст објави брошура со мерки за претпазливост при земјотрес












