Дневниот весник „Вест“ денеска изнесе нови детали во врска со неодамнешната глисерска несреќа во која животот го загуби едно лице.

„Вест“ повикувајќи се на извори од истрагата објави дека кај возачот на глисерот кој удри во глисерот кој го управуваше Ирина Романова – Муцунска, која од уда­рот почина на самото место, утврдено е присуство на алхохол и во крвта и во урината во моментот на несреќата.

„Од анализите кои биле извршени врз примероците на урината и крвта било утврдено де­ка Христијан Шапкар има 0,72 промила алхохол во крвта и 1,28 промили во ури­на­та, додека, пак, кај Муцунска резултатите од анализите за присуство на алхохол, дрога и на опијати во крвта и урината биле негативни. Ана­ли­зи­те кои беа вршени во криминалистичката лабораторија на МВР се доставени до истражниот судија од Охридскиот суд, кој треба да утврди дали треба да продолжи ис­тра­га­та против Шапкар, кому веднаш по несреќата му беше изречен три­е­сет­дне­вен притвор“, пишува „Вест“.

Ohridnews
извор: „Вест“