„Светскиот шампион“ во вакцинација, Израел, почнува контроверзен проект на ковид-беџ, кој со својата боја ќе покаже дали некое лице е вакцинирано или не, со што ќе се овозможи да влегува во ресторани или на концерти.
Владата објави систем на беџови – виолетова за оние кои не се вакцинирани или примиле само една доза и зелена за оние кои примиле втора вакцина или прележале Ковид-19, пренесува МИА.

Досега се вакцинирани четири милиони Израелци или 45 проценти од населението, од кои 2,6 милиони примиле втора доза, според најновите податоци на Министерството за здравство, што е највисока стапка на вакцинација во светот.
Со ефикасна вакцина и висок процент на вакцинирана популација, властите планираат од недела постепено да отвораат спортски сали, трговски центри, ресторани и кафулиња.
OhridNews











