На свеченост што се одржа вчера, извидничкиот одред „Пионер“ од Охрид, даде свечена заклетва, oдносно таканаречен Извиднички завет.

Со овој свечен чин одредот и извидниците кои членуваат во него и официјално се приклучија кон големото светско извидничко-скаутско движење кое брои преку 28.милиони членови во повеќе од 200 земји, претставувајќи го нашиот град насекаде каде што ќе престојуваат.

На свеченоста присуствуваа претставници од Сојузот на извидници на Македонија, извидници од Струга и Скопје, родители, пријатели и поддржувачи на извидништвото.

OhridNews