Од МВР со повеќе детали околу вчерашниот настан, кога во водите на Охридското езеро беше пронајдено безживотно тело. Од МВР информираат дека телото било пронајдено во водите на езерото помеѓу селото Подмоље и местото викано „Оровничка плажа“, на неколку метри од брегот. По извршен увид било утврдено дека се работи за Б.Ј. (54) од село Куратица, охридско.
По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе се врши обдукција.
OhridNews












