Традиционално, како и секоја година, така и оваа јагнешкото месо и јајцата се неизоставен дел од велигденската трпеза. Граѓаните со став дека цените на производите за празниците се високи.
На анкетата која ја спроведе OhridNews, 58% од граѓаните кои се изјаснале, односно 568 сметаат дека цените се високи. 37% односно 359 велат дека цените се реални, но стандардот е низок. Дека цените се прифатлици се изјаснале 5% од анкетираните, односно 49.
На охридскиот пазар цените на јајцата деновиве се движат од 160 до 250 денари зависно од нивната големина. Најбрзо се продале оние најевтините по цена од 150 денари, велат продавачите.
Продавачите на зеленчук тврдат дека цените на нивните производи пред празниците се продаваат по иста цена како и претходно.
Од охридските месари информираат дека јагнешко месо годинава има доволно. Најчесто се набавува во беровско и се продава по цена од 260 до 310 денари за килограм.
Освен на македонската велигденска трпеза годинава јагнешкото месо од Македонија ќе заврши и на трпезите во Италија, Грција, Хрватска, Бугарија, Србија, Црна Гора и Швајцарија, каде што беше извезена најголемата количина.
Од кланиците велат дека цената по која се извезувало јагнешкото месо била ниска поради економската криза во земјите каде што се извезувало, односно поради тоа што во овие земји е опадната потрошувачката моќ.
OhridNews
Следно анкетно прашање: Дали актуелната политичка криза може да се одрази на туристичката сезона во Охрид?















