Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева го објави списокот на предложени 14 кандидати за нејзини помошници. Списокот е поднесен до Советот на јавни обвинители, а Јанева го замоли да биде изгласан во најкус можен рок.

Станува збор за Обвинителот Фатмир Фетаи, Артан Ајро, Бајрам Рустеми, Гаврил Бубевски, Дарко Јакимовски, Елизабета Јакимовска, Лејла Кадриу, Ленче Ристовска, Лиле Стефанова, Љубомир Лапе, Маре Ѓорѓева, Снежана Бундалевска, Стефчо Дончев. Најголем дел од кандидатите се од Куманово, Тетово, Скопје и еден кандидат од Обвинителството за организиран криминал.

Јанева и тимот ќе ги разгледуваат предметите кои ќе произлезат од и се поврзани со незаконското прислушување.

OhridNews
извор Телма