
Таа потенцира дека од полициски аспект, на два дена до отпочнување на молкот, може да се констатира дека предизборниот период поминал мирно и без ниту еден посериозен инцидент или поголемо нарушување на јавниот ред и мир. Досега е регистрирано само едно кривично дело „Насилство“ кое било целосно расчистено, а поднесени се неколку кривични пријави поради лепење плакати на несоодветни места.
Во предизборниот период регистрирани се и 33 случаи на пријавено оштетување на политичките штабови на СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, ОМ, ДУИ, Сојуз на титови леви сили и Достоинство. Сите се со мала материјална штета.
– Во ниту еден случај не е употребено огнено оружје, што не беше случај при претходните Парламентарни избори. Изготвени се сите неопходни планови и подготвен е распоредот на полициските службеници по избирачките места. Ќе почнеме со обезбедувањето на избирачките места од 06 часот па се до 19 часот, потенцира Јанкулоска.










