Се организира Јавен увид и јавна расправа по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Детален урбанистички план во УЗ 16 дел од УБ 16.1 – опфат 2 КО Велестово.

Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во соба бр. 52 Сектор за урбанизам и заштита на животна средина, во општинската зграда  секој работен ден од 08 – 16 часот почнувајќи од денес до 9- ти јануари 2014 год. Јавната расправа ќе се одржи на ден 27.12.2013 год. во малата сала на Општина Охрид, со почеток во 12 часот.

Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во рок од 30 дена.

Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќате на е-маил: [email protected], или по пошта на следната адреса Општина Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 57 Охрид.

OhridNews