Министерството за транспорт и врски организира јавна презентација по извештаи за стратегиска оцена на животната средина за урбанистичко планска документација за Автокамповите  „Андон Дуков“ КО Охрид, „Елешец“ КО Пештани и за Автокампот „Градиште“КО Пештани.

Јавната презентација на Извештаите за стратегиска оцена на животната средина ќе се одржи во просториите на општина Охрид, на ден 02.12. 2013 година во 15 часот.

Извештаите за стратегиска оцена на животната средина се ставени на јавен увид на интернет страната на Министерството за транспорт и врски(www.mtc.gov.mk).

Заинтересираните граѓани и правни лица можат да учествуваат во Јавната презентација, а во времетраење од 30 дена по објавување на Извештаите  за стратегиска оцена на страната на Министерството за транспорт и врски ќе можат да ги дадат своите забелешки, предлози и мислења. Сите забелешки засегнатата јавност може да ги доставува по електронски пат или по пошта до Министерството за транспорт и врски.

OhridNews