За утре е закажана јавната расправа за извештајот за Стратегиската оцена на влијанието на животната средина за дел од централното градско порачје. Станува збор за Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животна средина  за ДУП за дел од УЗ 1, дел од блок 1-1 , опфат 1 централно градско подрачје.

Јавната расправа ќе се одржи во малата сала на Општина Охрид , со почеток во 12 часот. Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење ,забелешки и предлози.

Извештајот, почнувајќи од 25 јануари па се до 23 февруари, во периодот од 8 до 16 часот е достапен за јавноста и е изложен во Секторот за урбанизам и заштита на животната средина. 

OhridNews