
Институтот за демократија се согласува дека работата на граѓанските здруженија подлежи на критика, но единствено доколку таа е аргументирана и заснована на докази. Тоа во оваа кампања не е случај. Досега не се понудени проверливи аргументи во прилог на тврдењата против граѓанскиот сектор.
– Во оваа насока сметаме дека самата идеја за граѓанското општество е нападната преку шпекулации, етикетирања и закани. Предупредуваме дека оваа кампања го загрозува уставното право на граѓанско здружување и јавно искажана критика. Дополнително, може да предизвика конкретни напади врз членови на граѓански организации и иницијативи. Сето ова носи несогледливи негативни последици по државата и општетството. – се вели во реакцијата
Граѓанските организации од независноста на Македонија досега играа исклучително важна и конструктивна улога и беа вклучени во сите важни етапи од нејзиниот развој. Граѓанското општество директно учествува во подобрување на животот на граѓаните или во соработка со државните институции, додаваат од Институтот за демократија „Социетас цивилис“.
OhridNews











