Примената на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, денеска ќе има стручно толкување во големата сала на Општина Охрид.

Во соработка со Министерството за транспорт и врски, Општина Охрид со почеток во 17 часот организира Јавна трибина за примената на овој закон, кој предизвика огромен интерес кај граѓаните.

На трибината може да присуствуваат сите заинтересирани граѓани, фирми и организации кои се засегнати со примената на законот.

OhridNews