“Проблемите, последиците и можните решенија за надминување на настанатата состојба со загадувањето на водите на Охридското Езеро”, е темата на трибината што ќе се одржи во петок во Охрид. Организатор на трибината е Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија чиј претседател е пратеникот Тито Петкоски.


Јавната трибина е, всушност, реализација на заклучокот што беше донесен на 30-ти  ноември 2009  година, кога оваа собраниска комисија расправаше по информацијата за состојбата со загадувањето на изворите кај Свети Наум.

На трибината, покрај членовите на Комисијата, ќе присуствуваат министерот за животна средина и просторно планирање, градоначалниците на Охрид и Струга, директорите на јавните комунални претпријатија од двете општини, невладини граѓански асоцијации и релевантни субјекти од стручната јавност.

Ohridnews