Начинот на кој се регулира водостојот на Охридското Езеро треба да се измени смета јавноста. Ова го покажаа резултатите од онлајн анкетата што изминатиот период за свои потреби ја спроведе OhridNews.

Ова прашање се актуелизира во период кога Охридското Езеро бележи исклучително низок водостој. Најголемото и најзначајно природно езеро во Македонија заштитено од УНЕСКО, се’ уште се третира како акумулација и се користи за производство на електрична енергија. Испустот на езерото во реката Црн Дрим во Струга се регулира со дрвени талпи според утврдените коти согласно билатералниот договор потпишан во педесеттите години од минатиот век од поранешните социјалистички влади на Македонија, односно тогаш Југославија и Албанија.

Стручњаците сметаат дека хидролошките состојби денес значително се разликуваат од пред шеесетина години и дека треба да се ревидира договорот за регулирање на нивото на Охридското Езеро, при што ќе бидат земени предвид климатските промени и сите други параметри кои влијаат на водостојот на езерото.

OhridNews

Ново анкетно прашање: На кое место ќе заврши РК Охрид во плејофот од Супер лигата?