ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ информира дека во охридските градинки нема масовна појава на инфекции од бактеријата „стрепрокока“ и дека се преземаат сите неопходни мерки за заштита на здравјето на дечињата. Оттаму реагираат на изнесените информации од Центарот за јавно здравје пренесени во медиумите, во кои се наведува дека во Охрид се регистрирани 12 случаи на инфекција со „стрептокока“ и дека инфицирани деца престојувале во градинките.

-Одговорно тврдиме дека само пет деца кои  посетуваа  детската градинка имаат потврда дека имаат бактерија стрептококус  и тоа сите пет деца  престојувале во разлчни објекти-детски градинки. По утврдениот позитивен брис родителите си ги задржаа децата дома на лекување. Во соработка со доктор педијатар кои констатира дека кај поголем број на пациенти од општината  е изолирана бактеријата стрептококус ,одлучивме од превентивна гледна точка да ги упатиме родителите чии деца престојуваат во детската градинка да им направат контролна проверка со брис од грло и нос.-стои во реакцијата на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.
         
Оттаму уште посочуваат дека мерките се преземаат со цел превентивно да се заштити најмладата популација-предучилишните деца. Хигиената во детските градинки е на високо ниво  дезинфекција и дератизација редовно се врши, како и редовни санитарски контроли на вработените, додаваат од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.

Од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ сметаат дека со објавените информации во медиумите за присуство на бактеријата „стрептокока“ кај деца од претшколска возраст кои посетуваат градинка, се создава еден вид непотребна паника и тека тоа негативно одекнало во јавноста.

Од Центарот за јавно здравје, вчера информираа дека во последните неколку денови, зголемен е бројот на пациенти кои ја имаат бактеријата „стрептококус богенес“. Иако заклучно со 25-ти декември кај 12 лица е констатирано ова бактериско заболување, медицинските стручњаци сметаат дека поголем е бројот на заразени.

Најпогодена група од стретптококусот се децата, а утвредно е дека овие 12 случаи се деца на школска и предшколска возраст.

-Првите информации ни стигнаа од матичните доктори, кои утврдиле повеќе случаи на заразени деца со стрептокока. Посетени се училиштата и градинките, каде со цел спречување на евентуална епидемија, преземни се низа превентивни активности. – истакна и д-р Стурлакова-Коровешовска.

Таа додаде дека ситуацијата будно се следи, а децата кои посетуваат школски и претшколски установи редовно се проверуваат.

Од Центарот за јавно здравје советуваат доколку кај децата се забележат симптоми кои се манифестираат со зголемена температура, кашлица или излачуваат секрет од нос, треба да се консултира матичниот лекар, а на децата кои биле во допир со деца инфицирани од спомнатата бактерија да им се направи контролен брис.

Симптомите на бактеријата „стрепрокока“, се манифестираат како различни заболувања. Можат да бидат како ангина, пневмонија, бронхитис и други болести. Инкубацијата трае околу три дена, а потребно е лекување од најмалку 10 дена.