На внатрепартиските избори за градоначалник и советници, што вчера ги спроведе општинската организација на СДСМ, како што дознаваме најголем број гласови освоил проф.д-р Јован Стојаноски, актуелен координатор на советничката група на СДСМ.
Неофицијално, тој остварил убедлива победа со неколку стотини гласови разлика пред второ пласираниот кандидат за градоначалник, Науме Јованоски.
Како што истакнаа од ОО на СДСМ, резултатите од внатрепартиските избори за кандидати за градоначалник и советници, ќе имаат значително влијание врз утврдувањето на конечните кандидатски листи од страна на партиските тела и органи во СДСМ.
OhridNews












