Во присуство на делегати од месните организации, гости и симпатизери вчера Општинската oрганизација на партијата ПОДЕМ од Охрид го одржа V-то годишно Собрание, на кое за нов претседател на огранокот беше избран дипломираниот биотехнички инженер Јованчо Стенкоски.

Воедно, на собранието беа избрани членови на Извршниот одбор, Надзорниот одбор и на Централниот одбор.

Пригодно обраќање на собранието имаше претседателот на ПОДЕМ, Проф. Д-р Живко Јанкулоски.

OhridNews