Претседателот на ФФМ Хари Хаџи-Ристески ги започна разговорите со потенцијалните кандидати за селектор на македонската фудбалска репрезентација. Во просториите на федерацијата , првиот човек на ФФМ разговараше со поранешните селектори на националниот тим Ѓоко Хаџиевски и Ѓорѓи Јовановски.


Хаџи-Ристески одржа состанок и со претседателот на Тренерската организација во ФФМ, Вујадин Станојковиќ со што и тренерскиот еснаф е вклучен во изборот на наследник на Мирсад Јонуз.

– Извршени се телефонски разговори и со тренери од странство кои изразија заинтересираност за функцијата како Зоран Филиповиќ, Љупко Петровиќ, Пламен Марков и Зија Доган кој во текот на утрешниот ден ќе пристигне на разговори во Скопје.нИсто така остварени се контакти и со менаџерот на нашиот интернационалец Чеде Јаневски, вели Хаџи Ристески.

 


Хаџи-Ристески потенцираше дека се разгледани менаџерски понуди за квалитетни тренерски имиња кои сигурно се интересни за нас, но далеку од нашите финансиски можности.

– Во секој случај ќе ги разгледаме сите опции, ќе го почитуваме мислењето на тренерската организација и најдоцна до 15. Јули ќе го соопштиме новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација, изјави за сајтот на ФФМ- претседателот Хари Хаџи-Ристески.