Неполн месец по “збртимувањето“  на  ЈП “Билјани извори“ со спортската агенција од Нови Сад “Старс“, новоформираното охридско претпријатие потпиша меморандум за соработка  со реномираните охридски хотели Славија Спектар, Белведере, Метропол и Ривиера.


Целта на меморандумот е да се интензивира соработката на Јавното претпријатие со хотелите се со цел за побрз развој на спортскиот туризам во Охрид.

– Во тој меморандум за соработка двете страни  ќе се презентираат заедно на туристичките саеми надвор од Македонија. Она што е новина и што верувам дека и во иднина како стратегија ќе се развива, со уште повеќе хотели е што заеднички ќе ги усогласиме цените за услугите, кои што ги имаме ние и хотелите- вели директорот на ЈП Иван Цветкоски.


Хотелиерите истакнаа дека се задоволни од ваквата иницијатива, и дека од теорија ќе ја преточат во пракса.

– Ме радува ваквата соработка, која оди во правец на продолжување на туристичката сезона – вели Трајанка Георгиевска од хотелот “Белведере“.

Филип Мишевски од хотелите Метропол и Белви напомена дека нивните хотели имаат одлична соработка со Јавното претпријатие, но и дека ваквата понуда ќе придонесе за поголема заинтересираност за Охрид кај спортските екипи од Македонија и регионот.


– Ваквиот пакет понуди за прв пат доаѓа од Охрид  и сега треба да се работи на промоиција на овие пакети на странските пазари – рече Никола Дулески од Хотелот Славија Спектар.

Ваквиот меморандум е нов вид на соработка помеќу хотелите и Јавното прептпијатие.

– Се надевам дека овој ден ќе го паметиме по еден успешен почеток на долга соработка – заврши Никола Миленкоски од х. Ривиера.


Покрај другото во меморадумот се предвидува и изработка на интернет страна како и пропаганден материјал, преку кој би се презентирале Јавното претпријатие и споменатите хотели.

М.П.