Читатели до редакцијата на OhridNews испратија фотографии од месноста Воска, помеѓу устието на реката Грашница и плажата Лабино со кои укажуваат на, како што тие велат, еколошката катастрофа која се случува на самиот брег на езерото поради големите количини отпад околу поставените контејнери на самиот брег на езерото.


Од ЈП „Охридски комуналец“ објаснуваат дека контејнерите на оваа локација се поставени уште пред три години и дека тие редовно се одржуваат.


Контејнерите се поставени токму на оваа локација со цел во нив да се одлага отпадот од рестораните во Канео, со што им се олеснува и на сопствениците и нам, затоа што е поедноставно нашите возила да го подигнат отпадот. Во одредени денови може да дојде до преполнување на контејнерите, но нашите служби согласно утврдената динамика редовно ги чистат контејнерите, потенцира директорот на ЈП Охридски комуналец, Сашо Алчев.

OhridNews