ЈП “Охридски Комуналец” во ресторанот Ривиера, организираше предновогодишна средба со преставниците на сите медиуми од охридскиот регион, како и дописништвата на националните медиумски куќи. Покрај раководството на ЈП Охридски Комуналец, на средбата присуствуваше и градоначалникот Александар Петрески.

Целта на ова средба беше да се искаже благодарност до сите новинари, кои придонесоа за афирмација на ова јавно препријатие во текот на 2009 година. Покрај потсетувањето за успесите од изминатава, присутните си посакаа уште поуспешна работа во наредната 2010 година.

Ohridnews