Културно уметничкото друштво „Отекс“ од Охрид, со концерт што ќе се одржи во сабота, 12 мај, ќе го одбележи јубилејот 35 години од постоењето.
На концертот како што информираат организаторите, ќе настапат систави од сите генерации од 35 години долгата традиција на негување на македонскиот фолклор на КУД „Отекс“. Друштвото во овој период има реализирано бројни настапи и турнеи надвор од земјата, каде има освоено вредни награди и признанија.
Jубилејниот концерт на КУД „Отекс“ започнува во 18 часот.
OhridNews












