Аргентискиот фудбалски виртуоз Лионел Меси со двата погодоци во победата над Гранада 2-1 стигна до 301-от погодок во дресот на Барселона.


Домашните фудбалери со голот на Игало во 30-та минута поведоа 1-0. Машинеријата на Барселона односно Лионел Меси проработе во вториот дел. Со јубилејниот 300-от гол во 50-та минута го изедначи резултатот додека победата ја запечати во 73-та минута.

Резултати : Гетафе – Селта Виго 3-1, Малага – Атлетик Билбао 1-0, Гранада – Барселона 1-2, Осасуна – Сарагоса.

Табела : Барселона 65, Атлетико Мадрид 50,  Реал Мадрид 46, Малага 42…

Мх.П.