Љубителите на најдобрите детски хитови, и оваа година ќе имаат можност повторно да се дел од роденденското 15 годишно јубилејно издание на реномираниот фестивал „ПОТОЧИЊА 2018“.

По премиерното издание во Скопје, ѕвездичките од „ПОТОЧИЊА 2018“ ќе заблескаат во Охрид. Со ова музичко патување и доживување ќе биде означен крајот на оваа учебна година.

Настанот ќе се одржи на 18 Мај (петок) во големата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 11 часот.

Влезниците се по цена од 100 денари. 

OhridNews