Манчестер Јунајтед направи уште еден чекор над кон титула во Премиер лигата. “Црвените ѓаволи“ на крилата на Шинџи Кагава триумфираа на домашен терен против Норвич со 4-0.


Јапонецот беше нерешлива енигма за одбраната на “канаринците“ постигнувајќи хет трик, а четвртиот гол за Јунајтед беше дело на Вејн Руни.

На десет кола до крајот избраниците на менаџерот Сер Алекс Фергусон имаат 15 бодови предност од конкурентот Манчестер Сити, но “граѓаните“ имаат натпревар помалку.

Резултати : Челси – ВБА 1-0, Евертон – Ридинг 3-1, Мен Ју – Норвиќ 4-0, Саумптетон – КПР 1-2, Стоук – Вест Хем 0-1, Сандерленд – Фулам 2-2, Свонси – Њукасл 1-0, Виган – Ливерпул 0-4.

Табела : Мен Ју 71, Мен Сити 56, Тотенхем 51, Челси 49, Арсенал 47…

Мх.П.