По победата над Евертон 2-0, Манчестер Јунајтед е се поблиску до 20-та титулата во Премиер лигата. Разликата помеѓу Јунајтед и градскиот ривал Сити изнесува 12 бодови, а до крајот од шампионатот преостануваат 13 натпревари.


Велшанецот во дресот на “ѓаволите“, Рајан Гигс со помош на стативата во 13-та минута го отвори резултатот. На минута пред крајот од првото полувреме Робин ван Перси со 19-от погодок сезонава донесе предност 2-0, која се покажа како недостижна за “карамелите“.

Резултати : Астон Вила – Вест Хем 2-1, Мен Ју – Евертон 2-0.

Табела : Мен Ју 65, Мен Сити 53, Челси 49, Тотенхем 48, Арсенал 44. . .

Мх.П.