Италијанскиот првак Јувентус со пресврт во вториот дел успеа да стигне до три бода на жешкиот терен во Каљари победувајќи 3-1. 


Фудбалерите на Каљари во 13-та минута со голот од пенал на Пинила поведоа, но тоа беше се што направија на мечот.

Водството домашните фудбалери го чуваа до 75-та минута кога Алесандро Матри изедначи на 1-1. Истиот фудбалер погоди за комплетен пресврт во 90-та минута додека конечната победа за Јувентус ја запечати Мирко Вучиниќ длабоко во судиското продолжение.

Во воведниот натпревар од 18-та рунда екипата на Пескара ја совлада Катанија со 2-1 и ја забележа петтата победа сезонава.

Мх.П.