15 години „Кадмо“ ја испишува успешната приказна на брегот на Охридското Езеро во самиот центар на градот. Барот, чии ѕидови кријат многу приказни на посетителите, ја пренесува роденденската порака „Следете го Кадмо, бидете наши гости за подобар ден и повесели лица!“

Годинава, поради пандемијата од Корона вирусот, не е организирана традиционалната роденденска забава, но тимот не ги заборави посетителите и во текот на целиот ден за сите гости има 50 проценти попуст во локалот, кој ќе ве дочека во роденденски амбиент.

 

15 години значеа многу работа измешано со многу задоволство. Многу гости во текот на овие години го препознале нашиот квалитет услугата, нови специјалитети, иновативност и добар тим кој ги пречекува нашите гости со насмевка.“ – вели Владимир Коцарев, сопственик на Кадмо бар.

Стандардно како и изминатите години, програмата за новогодишните празници во „Кадмо“ започнува со овој ден. Во овој период се организираат денски забави, вечерни забави со комбинација од диџеи и настапи на изведувачи, а ќе има и организиран дочек на Новата Година.

„Кадмо“ нуди и одлична забава во текот на целата година, за викендите настапуваат изведувачи од охридскиот регион, додека во текот на летната сезона настапуваат речиси сите домашни ѕвезди од поп естрадата, додава Коцарев.

Приказната за „Кадмо“, започна во 2006 година со отворање на барот „Кадмо“ во центарот на Охрид, познат по иновативната кујна, каде можат да се вкусат домашни и други специјалитети, одлични мезиња и десерти.

К.А.