Од ВМРО ДПМНЕ информираат дека на вчерашната седница на Извршниот Комитет на партијата донесени се повеќе кадрови одлуки, односно генерален реизбор на цели општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

– Упатуваме отворена понуда до сите заинтересирани кандидати кои што сакаат да се пријават на конкурсот кој што ќе биде објавен веќе следната недела да добијат шанса за докажување, за додадена вредност кон нашата партија. Со оваа одлука на Извршниот Комитет продолжуваме со зацврстување и реорганизација на нашата партија. Оние претседатели на општинските комитети кои што досега постигнале добри резултати ќе бидат реизбрани и ќе продолжат понатаму да раководат со општинските комитети, беше изнесено на денешната прес конференција.

Извршниот Комитет донел одлука за распишување на јавен оглас за Претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи мандатот на досегашниот претседател, Владимир Нелоски е истечен. Формирани се 25 комисии на ВМРО-ДПМНЕ во повеќе области, на кои што, велат од ВМРО ДПМНЕ, примарна цел ќе биде да бидат коректор на власта и да даваат предлози истовремено и критики во однос на работењето и во однос на како треба да се подобри животниот стандард на граѓаните, велат од партијата.

Формирани се и комисии за одбрана, правни работи, образование и наука и комисијата за европски и евроатлантски интеграции чии што претседатели ќе бидат избрани веројатно на некоја од наредните седници од Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи во моментов се уште се вршат анализи во однос на тоа кој да биде поставен на за претседател на соодветните комисии.

По барање на пратеникот Владимир Ѓорчев кој што во овој изминат период ја објавуваше функцијата координатор на пратеничката група  во собранието, поради голем обем на обврски и презафатеност истиот побарал да се повлече. Извршниот Комитет на негово место го назначи за координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија Драган Данев, додека за негови заменици се поставени пратениците Горан Манојловски и Драган Цуклев.

OhridNews