На синоќешната седница, Извршниот одбор на ОО СДСМ Дебрца едногласно усвои неколку кадровски решенија со цел доекипирање на Општинската организација од оваа партија.

На предлог на претседателот на ОО СДСМ Дебарца, Зоран Ногачески, Извршниот одбор за секретар на ОО го избра Стојан Прензоски, дипломиран правник со положен правосуден испит и магистрант на Правниот факултет  “Јустинијан Први”, во Скопје.  Извршниот одбор донесе одлука за формирање Центар за комуникација со јавноста, во чиј состав влегуваат:  Благојче Стојчески, дипл.економист, Ангел Секулоски, дипл.инж.агроекономист, Радмила Филипоска, дипл.економист и Славица Кузеска, студент на правни науки.“ – велат од ОО СДСМ Дебрца.

За портпарол на Општинската организација е именуван Ангел Секулоски, додека функцијата претседател на Надзорниот одбор ќе ја врши Катерина Боческа, дипломиран менаџер по осигурување.

Како што информираат од ОО СДСМ Дебарца, во наредниот период се планира одржување изборни состаноци по месните одбори, избор на претседател на ЛК СДММ Дебарца, како и координатор на Форумот на жени.

OhridNews