Екипите на Кафе бар 9 и Сатеска последни обезбедија пласман во 1/4финалето на 50-то издание на турнирот во мал фудбал Петровден-Мешеишта.

Во завршните 1/8 финални мечеви што се одиграа вечерва, Кафе бар 9 ја совлада екипата на Гостилница Кај Мече со 2:0, додека Сатеска со 1:0 беше поуспешна од Чардак Велгошти.

Помеѓу најдобрите 8 се пласираа екипите на: Брумел,  Кафе бар 9, Аце Најдески, Хотел и Спа Инекс Олгица,  Асп Пак, Кампинг Љубаништа,  Сатеска и Кафе Бар Коко.

Распоред на 1/4финални натпревари

Среда 09.07.2025
21:00 Брумел – Кафе Бар 9
22:00 Аце Најдески – Хотел и Спа Инекс Олгица

Четврток 10.07.2025
21:00 Асп Пак – Кампинг Љубаништа
22:00 Сатеска – Кафе Бар Коко

Г.М.