Екипите на Кафе Бар Коко и Кибо пласт службено се пласираа во 1/4 финалето на турнирот во мал фудбал во Велгошти, откако нивните противници одбија да ги одиграат натпреварите.
Организаторот најави дека наскоро ќе излезе со став во врска со новонастанатата ситуација на турнирот.
Според распоредот, вечерва на програмата треба да бидат четири 1/8 финални средби.
29.07.2025 (вторник) 1/8 финале
20:00ч Топлина – Асп Пак
21:00ч Инекс Олгица Хотел – Вила Мина
22:00ч Аце Најдески – Ресен
23:00ч Др. Баткоски – Чардак Велгошти
Г.М.