Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против двајца жителите од струшко Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 22-ри овој месец, при претрес во нивните домови пронајдени се вкупно 3355 парчиња куршуми од различен калибар, еден револвер марка „Амадео-Роси“,  без соодветна документација за поседување, еден сигнален пиштол марка „Екол-специјал“, шест сигнални ракети и неколку оквири за пиштол.

Во акцијата реализирана во соработка со оделението за организиран криминал при Министерствот  за внатрешни работи во Скопје, полициските службеници, кај еден од него пронајдоа револвер сокриен во плакар додека  во дрвена каса пронајдени се вкупно 256  куршуми.

Во домот второпријавениот на поткровјето од семејната куќа до оџакот, пронајдени се 2763 куршуми додека во табуретка на првиот спрат забележани се 397 куршуми калибар 9 милиметри. Дополнително, при пртресот во детската соба пронајдени се сигналниот пиштол марка „Екол-специјал“, три куршуми за сигнален пиштол, шест сигнални ракети, два додатоци за пиштол и еден празен оквир за пиштол.

Оружјето и муницијата се одзедемени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

OhridNews