Попладнево во Охрид и околината гори на две локации. Шумски пожар избувна во близина на локалната црква, кај селото Расино. Противпожарните екипи интервенирале навреме и пожарот е ставен под контрола.

Голем пожар ја зафати и трската кај авто-кампот Андон Дуков. Интервенираа две возила и повеќе пожарникари при охридската Противпожарна служба кои се обидуваат да го локализираат и изгаснат пожарот.

Трската е постојано на мета на несовесните граѓани. Само во последните неколку дена таа беше два пати опожарена.