Одговор на овие прашања туристичките работници од регионот ќе можат да добијат на втората работилница што ќе се одржи во Охрид на 24 и 25 април во рамки на ИМЕ програмата за зголемување на пазарната вработливост, а во заедничка организација со ЕСА, за подобро искористување на продажните и дистрибутивните канали со цел да се зголеми продажбата на сместувачките капацитет преку целата година. Првата од двете планирани работилници во Охрид, се одржа изминатиот викенд.
На обуката ќе учествува Албион Идризи, претприемач со 22 годишно работно искуство во Германија и Косово, кој успешно води и раководи компании во туристичката индустрија на Косово и работи како консултант за локални и меѓународни организации во туризмот. Во јануари, Идризи имаше дводневна обука за 12 сопственици за приватно сместување во Охрид и резултатите беа одлични. Повеќето од учесниците веќе ги применуваат стратегиите од обуката и преку новите ценовни политики и продажни канали остваруваат зголемена продажба.
Зголемување на пазарната вработливост (IME) е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), имплементирана од Swisscontact која од 2015 година работи на зајакнување на секторот туризам и угостителство во Македонија. „Тоа го правиме преку подобрување на квалитетот на производите и услугите кои се нудат и проширување на пазарите во три дестинации: Охрид, Крушево и Маврово. Оваа година дел од нашите активнпости ќе бидат посветени кон зајакнување на понудата на сместувачките капацитети“, велат организаторите.
Повеќе инфо во рубриката „Што, Кога, Каде“.
OhridNews












