По првото полувреме “кралевите“ на Риазор имаа негатива од 1-0. Стрелец на голот за домаќините беше Рики во 35-та минута. Предноста на Депортиво ја анулираше Кака, а Игуаин направи пресврт и донесе три бодови за “лос бланкос“.
Истата судбина ја доживеа како Депортиво, ја доживеа Севиља на Ноу Камп. Фудбалерите на Севиља во 42-та минута поведоа со 1-0, а мрежата на Виктор Валдес ја погоди Ботиа. Машинеријата на Барселона проработе во вториот дел и за само осум минути со головите на Вилја и Меси го свртија резултатот во своја полза.
Резултати : Мајорка – Гетафе 1-3, Депортиво – Реал Мадрид 1-2, Барселона – Севиља 2-1, Сарагоса – Валенсија 2-2.
Табела : Барселона 68, Атлетико Мадрид 53, Реал Мадрид 52, Малага 42, Валенсија 41….