Во рамките на кампањата за борба против нелегалната градба во областа Мумала во Мармарис, Република Турција, се уривааат објекти за кои било утврдено дека ги загрозуваат животната средина и развојот на ова познато туристичко место. Работите лично ги следи министерот за животна средина и урбанизација, Мурат Курум. Меѓу урнатите објекти има и цели згради во квартот Ташлича.

Од покраинскиот директорат за животна средина и урбанизација и Дирекцијата за технички работи на општината Мармарис,  појаснија дека зградите се срушени бидејќи се нелегални.

Во рамки на акцијата на турските власти, урнати се и 12 дрвени и армирано-бетонски конструкции во област прогласена за заштитена природна реткост од прв степен, за кои исто така било утврдено дека го загрозуваат развојот и иднината на ова популарно туристичко место.

Акцијата се одвива под будното око на окружната команда на жандармеријата, која презеде широки безбедносни мерки на претпазливост за да се избегнат било какви инциденти при уривањето.

Како што најавија турските власти, до 7 декември ќе бидат урнати уште 96 објекти. Емур Оздил, провинциски директор за животна средина и урбанизација, изјави дека уривањето на дивоградбите ќе се врши непрекинато и без компромиси, наведувајќи дека акцијата се спроведува откако завршиле сите правни процеси.

OhridNews