Летото на северната хемисфера, а со тоа и во Македонија, календарски започнува денеска, 21 јуни. Оваа астрономска промена ќе се случи точно во 10:24 часот наутро по македонско време, кога официјално настапува летниот солстициум (краткоденица).

Денешниот е најдолгиот ден во годината, кој воедно ја носи и најкратката ноќ. Сонцето на овој ден го достигнува своето највисоко ниво над хоризонтот, означувајќи го почетокот на најтоплото годишно време.
Според астрономските пресметки, новото годишно време ќе трае вкупно 93 дена. Летото официјално ќе заврши на 22 септември 2026 година, кога со есенската рамноденица (еквиноциум) календарски ќе започне есента.
На првиот ден од летото не очекува сончево и топло време. Максималната температура во Охрид ќе достигне 29 степени.
Г.М.
Фото: „magnific“











