Калимеро бара директен пренос на седниците од Советот
02.02.07 08:32
Независниот советник, Петре Петрески Калимеро, поднесе иницијатива седниците на Советот на општина Охрид во иднина да бидат директно пренесувани на една од локалните телевизии.
“Бидејќи работата на Советот е јавна и транспарентна, а советниците се избрани од граѓаните да ги штитат нивните интереси, добро е седниците да бидат директно пренесувани на медиумите, со што ќе се подигне ефикасноста на Советот и ќе се подигне дигнитетот како на институцијата, така и на советниците“, смета Калимеро.
На тој начин, додава советникот Петрески, ќе се одбегнат и новинарските шпекулации, а седниците ќе се документираат на аудио-визуелен начин и ќе бидат секогаш достапни во архивата. Калимеро смета дека директниот пренос на седниците од Советот, нема да го оптовари општинскиот буџет повеќе од еден советнички паушал месечно.
Калимеро очекува одлуката да биде прифатена од неговите колеги и најави дека предлогот за директен пренос од седниците на Советот ќе го постави на дневен ред на една од наредните седници.
Инаку ефикасноста на Советот во последно време е се` помала. Советниците и покрај координациите на седниците губат по час или два само за утврдување на дневниот ред, а голем број од предвидените точки поради недоразбирањата се одложуваат. Ќе промени ли нешто директниот пренос од седниците?
И покрај редовните акции за подигнување кабаст и зелен отпад и апелите и известувањата со кои редовно и транспарентно се информираат граѓаните за начинот како да постапат кога имаат потреба за депо...
Од ноќеска на полноќ дизелот поевтинува за два, додека цената на бензините се зголемува за 3,5 денари одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика Согласно одлуката дизелот ќе се продава по це...
Општина Охрид ги известува сите правни и физички лица кои имаат добиено средства за финансирање на програми и проекти од Одделението за култура на Општина Охрид за 2026 година, дека се должни да до...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.