После секој дожд сликата во дел од Лескоец каде се уште нема асфалт на дел од локалните улици е иста. Земјениот коловоз се претвора во кал па движењето на луѓето со возило или пеш претставува сериозен проблем. Вака е со години, се жалат жителите кои живеат во овој дел од селото оддалечено на само неколку километри од Охрид.

На ваквата состојба реагираше партијата Левица. Според неа селата се заборавени од градските власти, а надлежните се сеќаваат на нив само пред избори. – До тогаш, на жителите од Лескоец и другите охридски села, не им преостанува ништо друго, освен да пливаат во кал. – велат од Левица.

OhridNews