Камен темелник на спомен куќата на Тоше Проески денеска ќе биде поставен во Крушево.

Спомен куќата ќе биде изградена на површина од околу 800 метри квадратни, а во неа ќе бидат поместени предмети кои сведочат за богатата, но за жал многу кратка кариера на музичкиот геније од Крушево, Тоше Проески.

На церемонијата што ќе се одржи еден ден пред 28 роденден на Тоше, најавено е дека ќе присуствуваат премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска.

Ohridnews