На 50-то издание на турнирот во мал фудбал Петровден-Мешеишта се играат натпреварите од нокаут фазата, а познати се првите четвртфиналисти.
На програмата синоќа беа две средби од осминафиналето во кои победи славеа екипите на Кампинг Љубаништа и Брумел кои продолжуваат во нокаут фазата.
Резултати 1/8 финале, 05.07.2025
Кампинг Љубаништа – Инитали 4:0
Топлина – Брумел 2:3
Осминафиналните пресметки продолжуваат вечерва со две средби на кои ќе претходи мајсторка помеѓу екипите на Кафе бар 9 и Бел Мерцедес.
Распоред на натпревари 06.07.2025
20:00 Кафе бар 9 – Бел Мерцедес (мајсторка)
21:00 Аце Најдески – Здружение на возачи Ресен
22:00 АСП ПАК – Гранит Х
Г.М.