Со драматична победа на Канада над Јужноафриканската Република од 1:0, синоќа стартуваше елиминациската фаза на Светското првенство во фудбал 2026.

Во првиот натпревар од новоформираната рунда од 32 репрезентации, домаќинот Канада до победата стигна во втората минута од судиското продолжение. Херој на Канаѓаните беше Стивен Еустакио, кој во 92. минута го постигна единствениот погодок и на својата селекција ѝ донесе историски прв триумф во нокаут фазата на едно Светско првенство. Канада во осминафиналето ќе игра против победникот од денешниот дуел меѓу Холандија и Мароко.

Нокаут програмата продолжува денеска со три натпревари:

19:00ч. Бразил – Јапонија
22:30ч. Германија – Парагвај
03:00ч. Холандија – Мароко

OhridNews