Кандидатите за градоначалник на Охрид, Александар Петрески, Ацо Попоски, Томе Гиноски, Васфи Доко и Боро Павлоски денеска потпишаа спогодба со стечајните работници со над 25 години работен стаж и нерегулиран статус.

Кандидатите за градоначалници се обврзаа дека доколку бидат избрани за градоначалник ќе ги поддржуваат невработените во остварувањето  на нивните права за решавање на нивниот економски и социјален статус, ќе ги поддржуваат во демократските постапки да вршат притисок  врз надлежните органи  во решавањето на нивните барања и дека ќе се залагаат проблемите на оваа категорија граѓани,  да бидат решени  во државните институции, согласно меѓународните прописи ратификувани од Македонија.


„ Доколку дојде на власт, ВМРО-народна партија ќе го актуелизира вашиот проблем“, им се обрати на стечајците, кандидатот за градоначалник Томе Гиноски.

И Васфи Доко од Нова демократија образложи дека во неговата програма е опфатен развојот на малата и средната економија.

Овој проблем мора да се решава во социјалните институции, а јас ви ветувам дека ќе застанам зад вашите барања. И доколку не ја добијам функцијата градоначалник, подготвен сум да застанам до идниот градоначалник и да помогнам во решавањето на вашиот егзистенцијален проблем“ , рече Боро Павлоски од ЛДП.

„ Оваа голгота што ја доживувате е голем срам за државата, вашите потреби  се скомни иреални“, подвлече Александар Петрески од СДСМ.Сите партии кои се во опозиција ветуваат дека ќе го решат проблемот со стечајците, но кога ќе дојдат на власт не го решаваат. Затоа зборувам во лично име“ рече Петрески.


Ацо Попоски од НСДП рече дека лидерот на неговата партија, Тито Петкоски  уште од поодамна се ангажирал да го реши проблемот со стечајците.

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил трендафилов Нанче денеска не беше на средбата со стечајците. Претседателот на здружението на стечајците, Иван Николоски рече дека и Трендафилов, бил уредно поканет. Како што рече Николоски, стчајците денеска претпладне имале средба со Нанче, кој им рекол дека нивниот проблем не е во надлежност на општината, но им ветил дека ќе дојде на задничката средба со стечајците.

Во Охрид има околу 660 стечајци.

Ohridnews