Во Општинската изборна комисија, во недела, 24-ти септември, кандидатите за градоначалник на Охрид ќе потпишат Кодекс за фeр и демократски избори.

Како што е познато во трката за градоначалник на Охрид, која официјално започнува на 25-ти септември, ќе учествуваат проф. д-р Јован Стојаноски од коалицијата предводена од СДСМ, д-р Митко Тилевски од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ и Стевчо Стевоски – независен кандидат.

Локалните избори ќе се одржат на 15-ти октомври.

OhridNews