Капетанија: Мостот од Канео до Охрид се гради без потребната документација
03.09.09 13:56
Мостот кој треба да ја спои плажата „Потпеш“ и населбата Канео со центарот на Охрид се гради без потребна документација, обвинува Капетанијата на пристаништата.
Овој орган кој е надлежен да дава мислење во постапката за донесување на урбанистички планови за деловите од брегот и внатрешните води, укажува дека со Деталниот урбанистички план за крајбрежјето населба Канео -Студенчишта е предвидена изградба на пешачки патеки, но во ова заштитено подрачје е потребна специфична заштита со цел да не се наруши природниот амбиент.
– Потегот под Долни сарај до плажата Потпеш кој претстатвува природна реткост како што стои во ДУП, треба исклучиво да се заштити. Таму е предвидено околу пешачката патека или мост кој би се градел, посебно да се внимава на материјалите кои се вградуваат. Треба да е исклучиво од дрвени колци со комбинација од дрво. Ние како орган стапивме во контакт со локалната самоуправа и со секторот за урбанизам и ни беше одговорено дека е поднесено барање од страна на инвеститорот и до ден денес не е издадено одобрение по истото, значи во фаза на разгледување е, а во случајов се изведува дел од тој мост, изјави Љупчо Настоски од Капетанијата на пристаништата – Охрид.
Изградбата на мостот ја иницираа концесионерите на плажата „Потпеш“, кои велат дека проектот е дел од урбанитичките планови на општината. Според нив со изградбата на мостот жителите од населбата и туристите наместо да пешачат километар и половина ќе можат за 200 метри да стигнат до црквата Св. Софија, односно до центарот на Охрид.
Три години го поставуваме тоа прашање зошто не се изгради тој мост, кој е ветуван и постои во сите планови на општина Охрид 70-80 години наназад и мило ми е што долгогодишната желба на охриѓани ќе се исполни, вели Митко Пендов, концесионер на плажата Потпеш. Според него со изградбата на мостот нема да се наруши природниот амбиент, напротив природните убавини на Охрид уште повеќе ќе дојдат до израз.
– Летово раговарав со туристите и посетителите на плажата и црквата Св. Јован Канео кои самите прашуваа зошто не се скрати патот до населбата. Со изградбата на мостот се отвора еден нов поглед на Охрид. Се отвара прекрасниот амбиент на Долни сарај како дополнителна туристичка понуда и мислам дека со тек на време ќе се покаже дека изградбата на овој мест бил добар потег, вели Пендов.
Изградбата на мостот кон Канео ја спонзорира фондацијата „Рамковски“ на бизнисменот Велија Рамковски.
Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен акт против вкупно 6 лица за дејствија на кривично дело – Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство и...
Науката е мотор на практиката и стожер без чии визии и идеи е невозможен вистински напредок Безбедносната сфера, поради својата динамичност и поврзаноста со брзиот општествен и технолошки развој, п...
Облачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта Врнежите наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²) Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец Во Охрид вре...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.